вторник, 13 мај 2025

Трибина во ДПМ – Кои се правата на писателите?

Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва ќе се одржи трибина – Кои се правата на писателите?.

Објавено на

часот

Сподели

На трибината, како што е најавено, ќе учествуваат автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија: Делвина Крлуку, Блаже Миневски, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски и Петар Андоновски. Модератор ќе биде претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски.

Според ДПМ, авторските права се нешто за што ретко се разговара, особено во книжевниот свет во Македонија, иако тие ги засегаат сите чинители во областа на издаваштвото, а најмногу писателите, преведувачите, илустраторите и издавачите.

На трибината ќе се разговара и за тоа како се вреднуваат авторските права и колкава треба да биде висината на авторскиот хонорар при издавање на едно дело, како се проценува авторскиот хонорар од страна на издавачот и како се проценува од страна на Министерството за култура и туризам кога се работи за конкурсите за поддршка на дела од национален интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ