Наградата за најдобар млад џез-музичар за 2024 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива Теодор Јаневски – дипломиран џез-тапанар на Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола и ќе биде врачена на 19 април на сцената на Народниот театар во Битола.
„Ја користиме оваа прилика да му ја честитаме наградата на младиот Теодор и да му посакаме многу успеси во професионалната кариера“, изјави директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски.
Досегашни добитници на наградата се: 2020 Александар Ванчовски – тапани, 2021 Филип Динев – гитара, 2022 Александар Бошков – гитара, 2023 Јован Цветковиќ – пијано, 2024 Давид Скерлевски – пијано и 2025 Теодор Јаневски – тапани.
Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен театар Битола, Центарот за култура, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2.000 посетители.