петок, 30 мај 2025

Промоција на поетската книга „Скршена тишина“ од Елизабета Бандиловска

Утре во 17:30 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје ќе се одржи промоција на поетската книга „Скршена тишина“ од авторката Елизабета Бандиловска. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Мито Спасевски и м-р Ели Маказлиева. Книгата е во издание на „Бата прес“.

Објавено на

часот

Сподели

„Скршена тишина“ е изобилство од метафори и тајни јазични кодови, присутни во секоја песна, умешност на поетесата да го облекува секој стих во различна маска, не откривајќи ги аспектите на карактерот, а предизвикувајќи ги убавината и сложеноста на поетските чувства, бележат рецензентите.

„Скршена тишина“ е поетски ракопис што нуди соговорништво и многустран книжевен и творечки разговорник што авторката Елизабета Бандиловска сака да го стави пред книжевното огледало, небаре така поетската реч ќе одзвучува со бројни фреквенции, различни поетски толкувања, звучни нијансирања низ големиот и разгранет поетски простор.

Д-р Елизабета Бандиловска е лингвистка, лекторка, лексикографка, поетеса… Родена е 1973 година, во Ресен. Работи како редовна професорка на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и е авторка на поголем број стручни и научни книги и лексикографски изданија.

Збирката песни „Скршена тишина“ е нејзина четврта поетска книга. Досега ги има објавено збирките песни „Самовилска сонувалка“ (2017), „Река без брегови“ (2019) и „Здивот на полноќта“ (2019 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и добитник на државната награда „Гоце Делчев“ за 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ