недела, 13 април 2025

Предавање на поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ – музиката и политиката

Во просториите на Меѓународниот балкански универзитет денеска ќе се одржи предавање на поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ, на тема „Врската помеѓу музиката и политиката“.

Објавено на

часот

Сподели

Предавањето е организирано од Меѓународен балкански универзитет (МБУ), во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC).

„Настанот претставува уникатна можност за академската заедница и пошироката јавност да слушнат и да дискутираат со проф. Јосиповиќ на тема која ретко се отвора во академски контекст – врската помеѓу музиката и политиката“, соопштија организаторите.

Проф. д-р Јосиповиќ, покрај неговата државничка кариера, е познат како правен експерт и композитор со уметничко портфолио кој неодамна ја објави неговата опера „Ленон” инспирирана од последните часови од животот на Џон Ленон. Неговото предавање ќе понуди длабински увид во интеракцијата помеѓу уметноста и политиката, преку призмата на неговото лично и професионално искуство.

Настанот е отворен за јавноста и претставува дел од пошироките активности на МБУ и ICAC за промоција на академскиот дијалог и интердисциплинарната соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ