Роден во 1967 во Скопје, Јанчовски дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централноевропскиот
универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010 година.
Јанчовски беше еден од најоригиналните, но и меѓу најплодните современи македонски книжевници. Тој во 2024 година одбележа 25 години творештво, во кое остави повеќе од 30 објавени книги, главно збирки поезија, но и романи, аудиокниги
и дела поврзани со историјата. Исто така во 2024 година, Јанчовски со Бранислав Николов го создаде поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“.
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.
Жална вест
Почина Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст почина современиот македонски книжевник, писател и поет, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.

Објавено на
часот





