Листата на музичари на Оффест носи и неверојатно широка и богата лепеза на жанрови и емоции, вистинско богатство на музичката разноликост.
Годинашната селекцијата ќе ја збогати и онака раскошната историја на ОФфест. Фестивалот ќе го отворат Драган и Ратко Даутовски, а по нив ќе настапат Canconiere Grecanico Salentino – најдолговечниот и водечки фолк ансамбл во Италија кој годинава слави 50 години активно музицирање и бројни спектакуларни настапи.
Во втората вечер на ОФfест доаѓа експлозивниот Kimmo Pohjonen, финскиот феномен на хармониката. По него следува цветното музичко патешествие на фасцинантната Марија Жоао, која 40 години шири магична енергија, освојува со својот шарм и плени со чудесниот глас.
Оффест повторно има возбудлива африканска вечер. Ако минатото издание се отвори со жестокиот Bombino, фестивалот годинава го крева влогот. Во Скопје доаѓа гитаристот Vieux Farka Toure, „сахарскиот Хендрикс“, синот на колосалниот Али Фарка Туре и една од најголемите африкански ѕвезди денес.
Африканска вечер ќе продолжи со Florence Adooni, најистакнатото ново име од Гана. Последната вечер ќе уживаме во прекрасниоит глас на словачката пејачка Julia Kozakova, а фестивалот ќе го затворат два извонредни гитарски бендови, Mordai од Унгарија и кормиларите на свежата македонска алтернативна сцена – Луфтханза. Следејќи ја убавата традиција, во придружната програма на Оффест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „Saravah“.
Фестивалот ќе се одржи во Националната опера и балет и во МКЦ.