недела, 13 јули 2025

„Од две страни сонце грее: Современа македонска и кинеска поезија и книжевен дијалог“

Во Гуангчжоу, Кина, се одржа промотивна церемонија за поетската збирка „Од две страни сонце грее: Современа македонска и кинеска поезија и книжевен дијалог“, која треба да излезе од печат во септември.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за тројазична поетска збирка (македонски, кинески и англиски), каде се претставени седум македонски и седум кинески современ поети, која ќе биде издадена од издавачакта куќа „Хуа ченг“ (花城: „Цветен град“) од Гуангчжоу (Кантон), инаку најреноминараното кинеско издаваштво за уметничка литература. Песните што се поместени во ова издание претставуваат резултат на Македонско-кинеската поетско-преведувачка работолница: Поезијата во превод меѓу цивилизациите, која во организација на МАНУ и во соработка со Пекиншкиот јазичен универзитет се одржа во Охрид, лани во август.

Уредници на изданието се Игор Радев и поетесата Лју Јуе. На церемонијата на потпишување од издавачката куќа „Хуа ченг“ присуствуваше нејзината директорка Чжанг Ји. Ова книжевно издание најверојатно претставува прво систематско претставување на современата македонска поезија во огромното кинеско говорно подрачје, и од таа гледна точка е со историска вредност.

Настанот се одржа во книжевниот салон Ван‘чју (湾区书屋) во Гуангчжоу, и беше во организација на Кинескиот институт за иновации и развојни решенија, Центарот за културна размена на градот Гуангчжоу, Издаваштвото „Хуа ченг“ и Литературниот институт „Хуа ченг“. Настанот насловен како – „Поетската суштина и искра меѓу цивилизациите“ беше проследен со читање на македонска и кинеска поезија во заемен превод, модерна културно-уметничка програма и јавна дебата на теми од областа на поезијата во контекст на меѓуцивилизацискиот превод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ