Како што се наведува во соопштението, од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе албум, којшто ќе биде снимен во Скопје непосредно по концертот во МКЦ.
„Ова е веројатно прв случај една македонскa џез група да работи со гиганти од светската џез сцена, какви што се Вандермарк и Пал Нилсен, нам добро познати и по настапите на Скопскиот џез фестивал. Препознатливи по својот спонтан пристап, разноликата жанровска естетика и бестрашниот однос кон звукот, Светлост успешно синтетизираат џез, ноиз и амбиетални елементи“, се наведува во соопштението.
Во периодот меѓу 2019 и 2020, Светлост ги издадоа албумите „Odron Ritual Orchestra“, „Јazz (to the working class)“ и „Six Years“, по што следеше нивен настап на Скопскиот џез фестивал.
„Се случи и настапот на Скопскиот џез фестивал по што дојде и четвртото издание – ‘A Wave Returns To The Ocean. На почетокот на 2024 беше објавен и нивниот последен албум, ‘Everything Was As It Had Been a Minute’. Следуваше плоден период, со настапи во поширокиот регион и со учество на повеќе локални музичари, од кои ќе произлезат и неколку нови изданија. Проектот на Светлост со Кен Вандермарк и Пал Нилсен се реализира со турскиот продуцент Кан Инандим“, велат од СЏФ.
Концертот ќе почне во 20:30 часот.