понеделник, 5 јануари 2026

Македонска премиера на филмот „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска

За денеска е закажана македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска. Премиерата на македонскиот кандидат за Оскар ќе се одржи во Македонскиот народен театар од 20:30 часот.

Објавено на

часот

Сподели

На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија.

Од тимот на Котевска велат дека доказ за тоа се наградите што ги пронижа филмот на меѓународните фестивали и откупувањето на филмот од страна на телевизискиот канал Нешенл џеографик.

„Филмот досега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, НЈДОК, ИДА, Спирит, ПГА аворд, Ај синема аудиенс аворд и други“, велат од тимот на Котевска.

„Приказната за Силјан” е филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Земјоделецот Николa случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му ја враќа смислата на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ