петок, 13 февруари 2026

Галеријата „Остен“ ги објави „Остеновите уметници“ за 2025 година

Галеријата „Остен“ од Скопје ги објави „Остеновите уметници“ за 2025 година, најавувајќи групна изложба на слики, цртежи и објекти. Изложбата ќе содржи уметнички дела од 14 македонски артисти.

Објавено на

часот

Сподели

„Остенови уметници за 2025 година“ се Жанета Вангели, Мице Јанкуловски, Синиша Кашавелски, Блаже Крстаноски Блажески, Свето Манев, Миро Масин, Ристо Мијакоски, Томе Мишев, Данчо Ордев, Станко Павлески, Ирена Паскали, Симонида Филиповска Китановска и Роберт Цветковски.

„Упатувам искрена благодарност до тимот на ‘Остен’ за довербата, признанието и континуираната посветеност кон уметноста и уметниците. Да се биде дел од институција со ваква традиција и културно значење претставува голема привилегија и одговорност. Благодарен сум за овој миг и за сè што носи со себе“, изјави Синиша Кашавелски, еден од уметниците.

Кашавелски е академски сликар од Куманово, меѓународно признат реалист, член на Друштво на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ и други уметнички здруженија ширум Европа. Од изложбите што ги имал во Европа, Америка и Азија, и бројните интернационални награди, вреди да се издвојат „Марчиони прајз“ (Италија) и „Артелибре“ (Шпанија).

Наградата за млад уметник од Фондацијата „Јанкуловски“ ѝ припадна на Ана Трајковска.

Изложбата ќе биде отворена на 19 февруари и ќе трае до 3 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ