Нашиот познат бас ќе годтува на три нови претстави во оваа улога од операта на Моцарт во NCPA во Пекинг, во април – мај 2027 година.
Годинава Дурловски ќе гостува и во Teatro Regio во Торино, Италија, во улогата на Анџелоти од операта „Тоска“ на Пучини, во септември ќе има концерт во Париз и во октомври ќе настапи во Моцартовиот „Реквием“ во Teatro Colon de Bogota во колумбиската престолнина.
„Во меѓувреме редовно на репертоарот на мојата матична куќа, Македонската опера и балет, во улогите на Закарија, Спарафучиле, Симон, Тимур, Комендаторе…“, напиша Дурловски на својот фејсбук-профил.






