сабота, 27 јули 2024

Куќен притвор и за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ, обвинителството ќе се жали

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информираше дека ќе поднесе жалба на одлуката на Основниот кривичен суд Скопје и на петтиот осомничен кој вчера беше фатен од страна на МВР наместо притвор, како што бараше ОЈО да му биде определена мерка куќен притвор.

Објавено на

часот

Сподели

„За лицето осомничено за кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, информираа од ОЈО Скопје.

Вчера обвинителството информираше дека надлежниот јавен обвинител бил известен од МВР дека е пронајден и уапсен уште еден од осомничените за насилниот упад во М-НАВ кој е опфатен со наредбата за истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ