петок, 13 декември 2024

Приведен уште еден од осомничените за насилниот упад во М-НАВ

Јавното обвинителство (ЈО) соопшти дека од Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување дека е пронајден и уапсен уште еден од осомничените за насилниот упад во М-НАВ кој е опфатен со наредбата за истрага. Јавниот обвинител што ја води истрагата до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот. За останатите, информираат од ЈО за кои беше определен куќен притовр и мерки на претпазливост, обвинителството нема право на жалба.

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска информираше дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера извести дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка (ЗКП) не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија.

„Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд. За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката“, велат од ОЈО Скопје.

Оттаму известуваат дека во исто време, надлежниот јавен обвинител во текот на денешниот ден бил известен од МВР дека е пронајден и уапсен уште еден од осомничените за насилниот упад во М-НАВ кој е опфатен со наредбата за истрага. Јавниот обвинител што ја води истрагата до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ