На многумина во Париз, но и во Мадрид, им застана здивот по стартот на Браси врз Мбапе во Купот на Франција.
Во 69. минута од мечот, напаѓачот итро се ослободи од својот чувар на средината од теренот, но само што тргна напред, беше згазнат во пределот на Ахиловата тетива, па ова како да не беше доволно, прилично лошо го извитка скочниот зглобот.
Напаѓачот се виткаше од болка на теренот, но за среќа избегна сериозна повреда и пауза од месеци ако не и цела година, по интервенцијата на лекарскиот тим го продолжи натпреварот.
Лилијан Браси за криминаниот старт доби жолт, кој беше негов втор, па му беше покажан и црвен.
¡LE LLEGARON CON TODO A MBAPPÉ! 💥😱 #CopaDeFranciaEnFOX pic.twitter.com/qk4ZyOFuTM
— FOX Deportes (@FOXDeportes) February 7, 2024