Ова признание, како што информира Општина Кисела Вода, за градоначалникот Ѓорѓиевски е за неговиот придонес за поставувањето на крстот во Драчево и реконструкцијата на храмот „Света Петка“ во Црниче.
„Како човек кој е израснат во семејство кое ја почитува верата и традицијата, мојата водилка секогаш е Бог. И секогаш, колку што можам ќе помогнам на сите, на Црквата и на нашиот народ. Да се трудиме да станеме подобри луѓе, да има добра мисла помеѓу нас и секогаш да си подаваме рака – тоа е мојата вековна мисија! Сакам да изразам огромна благодарност до г.г. Стефан, кој секогаш е моја поддршка и ми дава мудри совети и Светиот Синод за оваа чест“, изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода изрази благодарност до неговиот тим, кој „секогаш е до мене и до семејството“.