четврток, 24 октомври 2024

Кроација осигурување и Ротари Клуб донираа мебел во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација

Кроација осигурување заедно со Ротари клуб Скопје Вардар 245 минатата недела донираа мебел во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски-Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Среќни сме што можеме да придонесеме за опремување на центарот и да ги подобриме условите во истиот. Ова е само почеток на идна долгорочна соработка и нашиот фокус и во иднина ќе биде да помогнеме повеќе со цел подобрување на условите таму каде што навистина е неопходно. Со потпишување на Меморандумот за заедничка соработка во иднина ќе реализираме и заеднички проекти, едукативни работилници, дружења и различни облици на помош согласно моменталните потреби. Искрената среќа не се крие во комплицираните работи ниту во материјалните предмети. За среќа е потребно навистина многу малку, но треба да знаеме тоа да го согледаме. Пречекот со раширени раце, среќните лица на децата од центарот и вработените кои несебично ја вложуваат целата позитивна енергија направија и ние да се почуствуваме посебно горди што од денес во секоја наредна прилика ќе може заедно да придонесеме за уште повеќе насмевки, соопшти Кроација осигурување.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ