среда, 19 февруари 2025

Кривични пријави за кочанчани за кражба преку компјутерски систем

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Објавено на

часот

Сподели

Против Г.К.(35) од Кочани, пак поднесена е исто така кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во декември 2024, откако обезбедила дебитната картичка од едно лице, во два наврати неовластено реализирала две трансакции од вкупно 60.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ