вторник, 11 февруари 2025

Кривични пријави за дивоградби во Тетово и Куманово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.С. (75) од село Јанчиште, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2024 година, во својство на инвеститор, пријавениот изградил помошен објект од тврда градба, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен орган.

И СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Д. (50) од Куманово поради постоење сомневање за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во 2021 година, пријавениот извршил градба на индивидуален станбен објект во Куманово без да поседува соодветна документација издадена од надлежен орган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ