На 17 јули 2022 година сите, секој од својата надлежност како вработени во Центарот за социјални работи во Тетово изготвиле фалсификувани документи за ретроактивна исплата од 289.495 денари на сметка на едно лице од Тетово.
Кривични пријави против шестмина вработени во Центарот за социјални работи во Тетово
СВР Тетово поднесе кривични пријави против шест лица вработени во Центарот за социјални работи во Тетово кои со злоупотреба на службената положба и овластување фалсификувцале исправи за исплата на социјална помош. Кривични пријави добиле И.Е. (42) од село Пршовце, Тетовско, А.Х. (45), Б.И. (45), Т.С. (62), Д.О. (59), сите од Тетово и Б.А. (46) од сeло Боговиње, Тетовско.

Објавено на
часот