петок, 27 декември 2024

Kривични пријави против петмина вработени во Национални шуми и двајца управители на фирми

СВР Струмица- ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против сеум лица вработени до ЈП Национални шуми- подружница Радовиш и двајца управители на правни субјекти од Конче.

Објавено на

часот

Сподели

Постои основано сомневање дека лицата сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама во службата, и фалсификување службена исправа и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Еден од пријавените како референт за сеча, дотур и превоз во текот на 2023 и 2024 година го давал на користење на неовластени лица чеканот со жиг кој му бил задолжен со реверс, изготвувал фиктивни испратници за правните субјекти од село Дедино, Конче.

На тој начин се прикажувала помала количина на дрвна маса од реалната. Потоа овие фалсификувани испратници оделе во сметководство во ЈП Национални шуми ПШС Плачковица Радовиш, врз основа на кои се изготвени соодветни фактури кон правните субјекти за помал износ за плаќање од реалниот, со што правните субјектии се стекнале со противправна имотна корист на штета на ЈП Национални шуми.

Други лица потпишале прием на сеча и дотур на дрва, без притоа да констатираат фактичка состојба, односно точна количина на дрвена маса, а трети изготвиле два месечни извештаи, кои биле заведени со ист архивски број, во кои прикажале различни податоци за сеча и дотур, односно еден извештај бил за количина од 0 м3, а другиот за 700 м3. Една раководителка не постапила согласно описот и пописот за систематизација на работни места и потпишала два исти месечни извештаи за сеча, дотур и превоз заведени со ист архивски број со различна количина на дрвни сортименти.

Пријавените лица ги имат сторено опишаните кривични дела, со што е нанесена вкупна штета на ЈП Национални шуми п.о. Скопје ПШС Плачковица Радовиш во висина од 4.284.332,68 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ