четврток, 20 февруари 2025

Кривична пријава за вработен во МВР во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола – вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

На 5 јануари во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив. Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ