На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп. По преземени мерки и активности, на 29.01.2025 во 12.00 часот С.С. бил пронајден и лишен од слобода, по што му е поднесена пријавата.
Кривична пријава за прилепчанец кој запалил паркирано возило
СВР Битола- ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
Објавено на
часот