„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б.(20) од Скопје е лишен од слобода“, соопшти денеска МВР.
Во координација со ОЈО Скопје полицијата поднесе кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор.