Вчера на крстосницата од улиците „Дринска“ и „Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И. (18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата тешки телесни повреди добил С.И., додека малолетничката добила телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.