петок, 20 септември 2024

Кривична пријава против геометар од Струга, изготвил лажно решение за приватизација

Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39), геометар од Струга за кого постои сомневање дека изготвил лажно решение за приватизациа на градежно земјиште.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – фалсификување исправа и злоупотреба на службена положба и овластувања.

„Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно – правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка. Изготвеното лажно решение на  29.05.2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ