петок, 18 октомври 2024

Кривична пријава од Општина Куманово против поранешен вработен

Објавено на

часот

Сподели

Лицето се сомничи дека додека било на работна позиција во Општина Куманово, во постапка за легализација на имот се откажало од корисничко право за земјиште на кое бил построен објект, кој требал да биде легализиран на име на Општина Куманово, а со крајна цел да овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име. 

„Со ова лицето В.Б. ги пречекорило своите законски овластувања и ја оштетило општината за износ од 2.152.192 денари, притоа со наведеното постапување се јавува како оштетена страна и Здружението за слепи лица од Куманово, кому Општина Куманово го дала на употреба објектот за свои потреби. Од страна на општината незаконското решение е поништено“, соопштуваат од Општина Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ