„Обврската за донесување на закон за правична и адекватна застапеност беше предложен од моја страна за време на мојот мандат како министер за правда. За предлогот се консултиравме со експерти од областа, со канцеларијата на ЕУ, со Брисел и во декември 2023 беше одобрен и од страна на Владата на РСМ, како дел од Развојна секторска стратегија за правосудство 2024-2028 и од Акцискиот план за спроведување на Развојна секторска стратегија за правосудство 2024-2028“, напиша Лога на својот фејсбук-профил, кој денеска е потпретседател на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, коалициски партнер на ДУИ.
Тој вчера одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот ја нарече обид за државен удар во Македонија.