четврток, 26 декември 2024

Кремљ за разговорот меѓу Путин и Трамп: „Чиста измислица“

Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од Вашингтон пост, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп минатата недела разговарале за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето да ја искоментира објавата на Вашингтон пост дека Трамп и Путин разговарале и дека новоизбраниот американски претседател приватно му дал до знаење на рускиот претседател дека би поддржал договор со кој Русија би ги задржала „новите региони“, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во телефонско интервју одговара:

„Знаете, ова е очигледен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е комплетно неточно. Чиста фикција. Едноставно е лажна информација“.

„Да, само да уточниме. Значи го немало тој телефонски разговор на Путин со Трамп минатата недела, тоа ли сакате да го кажете?“, повторно прашува новинарот.

„Тукушто го кажав тоа“, вели Песков.

„Само сакам да го уточниме самиот факт. Немало разговор“, повторно прашува новинарот.

„Немаше разговор“, вели Песков.

Според извори на Вашингтон пост, кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

„Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина“, рекле изворите на весникот.

„Тие разговараа за постигнување мир на европскиот континент, а Доналд Трамп изрази надеж за продолжување на разговорите за брзо решавање на војната во Украина“, објави американскиот весник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ