вторник, 3 декември 2024

Вашингтон пост: Трамп разговараше со Путин, му порача да не ја ескалира војната во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и побарал од него да не предизвикува ескалација во Украина, објави синоќа американскиот дневен весник Вашингтон пост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа би бил првиот телефонски разговор меѓу нив двајца откако Трамп победи на претседателските избори во САД на 5 ноември.

Според извори на Вашингтон пост, кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

„Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина“, рекле изворите на весникот.

„Тие разговараа за постигнување мир на европскиот континент, а Доналд Трамп изрази надеж за продолжување на разговорите за брзо решавање на војната во Украина“, пишува американскиот весник.

Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од своето одморалиште на Флорида и за време на разговорот го повикал да не го ескалира конфликтот со Украина.

На прашањето на АФП, луѓето блиски до Доналд Трамп не ја потврдиле таа информација.

Надворешнополитичките прашања ќе бидат тема на средбата меѓу Џозеф Бајден и Трамп закажана за в среда во Овалната соба на Белата куќа за да започне транзицијата на власта.

Трамп, кој ќе се врати во Белата куќа на 20 јануари, за време на кампањата изјави дека би можел да ја заврши војната во Украина „за еден ден“, но не прецизираше како ќе го направи тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ