сабота, 5 октомври 2024

Кремљ за нападот со дрон на нуклеарката во Курск: Киев си игра со оган

Кремљ ја обвини Украина за „играње со оган“ откако руските сили ден претходно јавија за пресретнат украински дрон во близина на нуклеарната централа Курск и извештаите на медиумите за избивање пожари неколку километри понатаму.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Киев продолжува да си игра со оган и за тоа, нормално, ќе ги предупредиме претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Георги Тихиј ги негираше тврдењата дека украинските сили се обиделе да ја нападнат нуклеарната централа или дејствувале во нејзина близина. Украинските сили на 6 август упаднаа на руска територија во областа Курск и сè уште држат дел од таа руска област.

Ситуацијата е напната и во нуклеарната централа Запорожје, во јужна Украина, која е под контрола на руските сили. Утринава во напад со автомобил бомба во близина на таа нуклеарна централа е убиен вработен на Запорожје, а руските сили за нападот го обвинија Киев.

Руското истражно тело кое се бави со сериозни злосторства соопшти дека вработениот Андреј Короткиј бил убиен откако била детонирана бомба поставена во неговиот автомобил пред куќа во Енергодар, местото каде што се наоѓа нуклеарката.

Короткиј работел во обезбедувањето на централата, а за неговото убиство е отворена кривична постапка. Управата на нуклеарката во Запорожје ја обвини Украина за неговото убиство.

Руските сили ја заземаа нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарка во Европа со шест реактори, набрзо по инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ