сабота, 27 јули 2024

Кремљ: НАТО го зголемува степенот на ескалација, јасно е дека е во директен конфликт со Русија

Кремљ соопшти дека е јасно оти НАТО е во директен конфликт со Русија, реагирајќи на изјавата на генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, дека членките на НАТО треба да дозволат Украина да нападне длабоко во Русија со западното оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Столтенберг рече за Економист дека членките на НАТО што ѝ испорачуваат оружје на Украина треба да ја укинат забраната за употреба на оружјето за напади на воени цели во Русија.

„НАТО го зголемува степенот на ескалација“, одговори портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за рускиот весник Известија на прашањето за изјавите на Столтенберг.

Песков рече дека НАТО „флертува со воената реторика и паѓа во воена екстаза“, пренесува Ројтерс.

Запрашан дали НАТО се приближува кон директна конфронтација со Русија, Песков рече: „Не се приближуваат, тие се во неа“.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано го предупредува Западот дека ризикува светска војна поради Украина и дека директниот конфликт меѓу Русија и НАТО би значел дека планетата е на работ на Трета светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ