петок, 26 јули 2024

Столтенберг: „Рацете на Киев се врзани“, не смее да ја напаѓа Русија со оружје од западните сојузници

„Рацете на Украина се врзани“ поради ограничувањата за користење на оружјето што го добива од своите западни сојузници за напад на територијата на Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку земји ја ограничија употребата на оружје доставено до Украина само на нејзина територија, вклучително и Крим и Донбас, но им забранија да напаѓаат на руска територија.

„Затоа на Украинците ‘им се врзани рацете’ и тоа многу ја отежнува одбраната“, рече Столтенберг на почетокот на состанокот на НАТО во Софија, Бугарија.

„Мислам дека е време да се преиспитаат некои од тие ограничувања“, рече Столтенберг бидејќи, како што истакна, Киев „има право да се брани“ и „има право да напаѓа легитимни воени цели надвор од Украина“.

Соединетите Американски Држави, главниот снабдувач на воена помош за Украина, и Германија како и некои други европски земји, не го даваат оружјето без ограничувања.

Сепак, американскиот државен секретар Ентони Блинкен неодамна во Киев изјави дека Украина треба да одлучи како да го користи оружјето.

„Не охрабрувавме напади надвор од Украина, но на крај останува на Украина да донесе одлуки за тоа како ќе се бори во оваа војна“, рече Блинкен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ