петок, 18 октомври 2024

Кремљ: Нашите турски пријатели не треба да носат розови очила

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговораше на новинарското прашање како коментире дека Турција пред дводневниот самит на НАТО сепак даде зелено светло за прием на Шведска во западната воена алијанса, по едногодишната блокада поради обезбедување засолниште за луѓе што Анкара ги смета за терористи.

„Турција може да се сврти кон Запад, знаеме дека во историјата на Република Турција имало периоди на интензивна ориентација кон Запад, но дека имало и периоди кога не била толку западно ориентирана“, рече Песков на брифинг со новинарите.

„Но, ние исто така знаеме дека никој не сака да ја види Турција во Европа. Мислам на Европејците. И нашите турски пријатели не треба да носат розови очила“, додаде Песков, алудирајќи на повеќедеценискиот отпор на ЕУ за членството на Турција, пренесе Тасс.

„И покрај сите добро познати разлики во мислењата [меѓу Анкара и Москва], имаме намера да продолжиме да го развиваме нашиот дијалог и нашиот однос со Република Турција секаде каде што може да ни користи и секаде каде што може да им користи“, заклучи Песков, пренесе Тасс.

Турскиот претседател Таип Ердоган се обидува да одржува пријателски односи со Москва и Киев за време на војната во Украина, која трае веќе 16 месеци. Тој одби да се приклучи на западните санкции против Русија и го покани рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Турција во август. Русија го гледа проширувањето на НАТО како закана за својата безбедност, но Песков ја минимизираше оценката на новинарот дека Турција се оддалечува од Русија и се приклонува кон Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ