недела, 2 февруари 2025

„Кралот“ на колена во Каталонија, Еспањол го изненади Реал Мадрид (ВИДЕО)

Еспањол приреди големо изненадување откако вечерва со 1-0 го совлада Реал Мадрид, резултат на кој ќе се израдуваат Атлетико Мадрид и Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ неочекувано се сопнаа на гостувањето во Каталонија против Еспањол, избраниците на Карло Анчелоти се враќаат со празни раце.

Реал Мадрид го имаше поседот на топката, беше подобар противник и имаше неколку добри шанси, прво Мбапе ја погоди стативата, а потоа и Родриго ја затресе рамката од голот.

Еспањол пак цврсто се бранеше и ја чекаше својата шанса преку контра, која се укажа во 85. минута, Ромеро го матираше Куртоа за 1-0 и огромно славје на сите на стадионот.

Со оваа победа, Еспањол избега од опасната зона, плус овозможи Атлетико Мадрид да се доближи до Реал Мадрид, како и Барселона пак да фати приклучок во трката за титулата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ