четврток, 6 февруари 2025

Крај на една ера, легендарниот Марсело оди во пензија

Легендарниот бразилски фудбалер, Марсело реши да стави крај на кариерата, левиот бек ја искористи оваа прилика да испрати порака до навивачите на Реал Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Крај на една ера, Марсело денеска соопшти дека заминува во пензија.

„Љубовта кон фудбалот ми ја всади мојот дедо, тој сакаше да станам професионалец и направи се што можеше за да се оствари тоа“ – почна Бразилецот во емотивното видео кое го објави на социјалните мрежи.

„На 18 години, Реал Мадрид тропна на мојата врата и пристигнав тука. Сега со гордост можам да кажам дека сум прав Мадрилењо. Тука, заедно со сопругата изградивме семејство. 16 сезони, 25 титули, пет трофеи во Лигата на шампиони, еден од капитените и многу магични ноќи на „Бернабеу“. Какво патување! Реал Мадрид е уникатен клуб. Мадридизмот е нешто неверојатно, не се опишува со зборови“.

Марсело го напушти Реал Мадрид летото во 2022 година, а по кратката авантура во Олимпијакос, се врати онаму каде што ја почна кариерата – Флуминенсе.

Левиот бек се радуваше на три трофеи во дресот на Флуминенсе, помеѓу кои и триумф во Копа Либертадорес во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ