„Почитувани граѓани, синоќа во 11 часот прогласив вонредна состојба со цврста волја да ја спасам земјата од антидржавните сили кои се обидуваат да ги парализираат суштинските функции на државата и да го уништат уставниот поредок на либералната демократија. Меѓутоа, пред малку народното собрание побара укинување на вонредната состојба, па трупите ангажирани за вонредната состојба се повлечени“, кажа јужнокорејскиот претседател во соопштение.
Тој објасни дека, бидејќи во Сеул е ноќ, кворумот за одлучување во Државниот совет сè уште не е постигнат, па вонредната состојба ќе биде укината што ќе биде можно.
„Меѓутоа, бараме од собранието веднаш да ги прекине своите непромислени постапки кои ја парализираат државата преку повторениот импичмент, законодавната манипулација и манипулацијата со буџетот“, порача претседателот.
Сепак, според најновите извештаи од Сеул, опозицијата се подготвува да бара импичмент за претседателот по неговиот денешен истап со воведувањето воена состојба.
На одлуката за воена состојба се придружи воениот врв, па војската вечерта излезе на улиците на Сеул и се обиде да ги спречи пратениците да влезат во собранието. Парламентот сепак успеа да донесе одлука за укинување на воената состојба, но се чекаше претседателот формално да ја прифати.
Пред собранието доцна синоќа се собрале граѓани на протест, на кој барале да биде укината воената состојба, но по одлуката на претседателот на државата си заминале.