МВР информира дека вчера, во периодот од 09.20 часот до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(26) од гостиварска Топлица и Е.Ф.(22) и Ј.М.(18) од гостиварски Добридол.
„Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела тешка кражба и кражба во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети“, известуваат од полицијата.
Одземените тротинети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.
„Осомничените се задржани и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР