четврток, 24 октомври 2024

Кожувчанка во лименка 

Ова е прва и единствена на македонскиот пазар вода во лименка, сега како дел од фамилијата Кожувчанка, информираат од компанијата. Од денеска на пазарот газираната вода на Кожувчанка може да се набави и во лименка, во пакување од 300 милилитри.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова беше голем предизвик за компанијата и тимот, но како и секогаш се стремиме да бидеме иновативни и за нашите потрошувачи да обезбедиме производ од највисоко ниво на светски стандарди кој со гордост први го претставуваме кај нас на пазарот, изјавија од Кожувчанка од Кавадарци.

Кожувчанка, газирана вода во лименка е резултат на години на истражување и развој, со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачот и да се соочиме со предизвиците на современиот начин на живот. Лименката е произведена со највисоки стандарди на квалитет и безбедност, што гарантира дека како и докажаната Кожувчанка газирана вода, ќе го добиете само најдоброто. А кои се дополнителните придобивки?

Лименката е добра за нашата животна средина. Ако барате поеколошки начин да останете хидрирани, водата пакувана во лименка е вистинскиот избор. Лименката се рециклира бесконечно, а тоа го прави овој производ енергетски ефикасен и долготраен. Секогаш кога пиете Кожувчанка од лименка, можете да бидете сигурни дека таа ќе се рециклира. Водата пакувана во лименка не само што е поодржлива поради рециклирањето на алуминиумската амбалажа, туку и поради тоа што не содржи никакви штетни хемикалии, таа е и побезбедна за вашето здравје, соопштија од Кожувчанка.

                                                                                                                                                Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ