петок, 20 декември 2024

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, компанијата Кожувчанка денеска донираше 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

 „Како компанија која секогаш посветено се грижиме за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја препознава сериозноста на состојбата во која се наоѓа Скопје, со оглед на актуелните предизвици со недостигот на вода овие денови. Знаеме дека водата е основна потреба за функционирање на здравствените институции, а клиничкиот центар во Скопје, кој секојдневно се соочува со бројни пациенти, сега има огромна потреба од стабилен снабдувачки капацитет“, велат од компанијата.

Кожувчанка и понатаму ќе продолжи да биде активно вклучена во иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на условите во заедницата и секогаш ќе биде поддршка на здравствените институции во периоди на криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ