На состанокот, информираат од владината прес-служба, се потенцираше дека земјава нуди низа предности за инвестирање, меѓу кои и стратешка локација, блискост до солунското пристаниште, добра патна инфраструктура, а во тек е изградба и на автопатот до пристаништето во Драч.
Премиерот Ковачевски подвлече дека овие податоци заедно со договорите кои Македонија ги има потпишано за слободна трговија кои овозможуваат пристап до пазарите во 40 земји со 600 милиони потрошувачи ја прават нашата земја одлична дестинација за странските инвеститори.
На средбата делегацијата на Хјундаи се запозна со фактот дека во моментов 40 бизнис капацитети во нашата земја се во сопственост на странски инвеститори од Тајван, Германија, Канада, САД и за финансиската поддршка која Владата ја нуди на меѓународните инвеститори кои користат локални добавувачи.