Ковачевски потврди дека се сретнал со лидерот на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари но не и со претседателот на Централното собрание на АА, Зијадин Села, со кој, како што нагласи тој, само се виделе во Парламентот.
„Земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки“, рече Ковачевски на прашањето што ако Алијанса за Албанците премине во опозиција како што тоа вчера го побара Таравари.
Ковачевски истакна дека местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности.
За пораките што великанот Гоце Делчев ги остави во аманет, Ковачевски рече дека остануваат силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на независна и европска држава.