Во однос на можното поскапување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, Ковачевски рече дека тоа ќе зависи од анализите што треба да ги дадат експертите во државните институции, ФИДИК експертите кои се ангажирани и пратениците во Собранието.
„Автопатот досега требаше три пати да биде готов. Затоа треба убаво да се анализира зошто има толку голем број на пропусти и во проектирањето и во други делови на активности“, изјави Ковачевски и додаде дека автопатот Кичево-Охрид е готов 80 проценти, но ќе мора новите 11 свлечишта да се регулираат соодветно со новиот анекс на договорот со Синохидро.
Владата на седница пред новогодишните празници одлучи да потпише анекс на договорот со изведувачот Синохидро за да се продолжи рокот за изведба на градежните работи без ново финансиско задолжување за доградбата.