Тихомир Костадинов вели дека ќе го дадат максиумот иако се работи за пријателски натпревари, а ривалите не треба да се потценат.
„Имаме четири пријателски натпревари, треба да се подготвиме добро за тоа што ни следи во септември. Во последните неколку натпревари добив најголема минутажа и задоволен сум од тоа што го покажав. Ќе дадеме максимум и се надеваме на добри резултати. Молдавија не е репрезентација за потценување, а за Црна Гора нема потреба ни да се трошат зборови. Најважно е тоа како ќе одиграме ние“, вели Костадинов.
Македонија на 22. март игра со Молдавија, а на 25. март со Црна Гора.