„На пријателска средба, која се одржа по почитта што му беше одадена на Астри Дехар со посета на неговиот гроб (сопартиец на Курти, н.з.), се разговараше за многу актуелни и интересни теми. Предизвиците со кои се соочуваат нашите две земји се заеднички, делиме исти грижи и иста визија за нашите граѓани и целиот регион. Стана збор и за односите меѓу двете земји и нивното унапредување преку интензивирање на соработката и преку заеднички проекти.
Инфрастуртните врски се од посебно значење не само за нашите граѓани, туку и за економијата на нашите две земји. Координацијата и синхронизацијата на официјалните политики придонесува за надминување на проблемите и изнаоѓање подобри решенија“, објави Таравари.