Под амблемите со „Голема Албанија“ пишуваше „Се гордееме со вас“. На некои од плакатите на прославата пишуваше – „Некогаш ОВК сега КБС“, „Нема да се предадеме, живи убијци само ќе поминат преку моето тело“.
Сите касарни на КБС вчера беа отворени за граѓаните – во јужниот дел на Митровица, Гњилане, Призрен, Урошевац, Косово Поле, Исток, како и во Приштина.
Карта на „Голема Албанија“ беше истакната и во музејот во кумановското село Сопот, но таа беше тргната по бурните реакции. Исто така, кога Курти беше во Тетово се вееше знаме на „Голема Албанија“.