среда, 5 февруари 2025

Косовски медиуми: ЕУ оценува дека Белград ги крши договорите со Приштина

Европската Унија оценила дека Белград го прекршил договорот со Приштина, соопштувајќи јавно дека од дневниот ред на Политичкиот комитет успеал да го тргне барањето на Приштина да добие статус на „специјален гостин“, пишува албанскиот портал Коха, повикувајќи се на одговор на портпаролката на Европската комисија Анита Хипер за овој медиум.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Билјана Пантиќ Пиља, шефицата на делегацијата на Србија во Советот на Европа, минатата недела им кажа на медиумите во Србија дека делегацијата „успешно го тргнала барањето на таканаречено Косово од дневниот ред“. Таа тоа го нарече успех на српската дипломатија и на претседателот на Србија Александар Вучиќ, додавајќи дека имаа поддршка од Шпанија и Унгарија.

Меѓутоа, Европската Унија оваа изјава ја оценила како кршење на Договорот за патот кон нормализација, во кој се наведува дека Белград нема да се противи на членство на Приштина во која било меѓународна организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ