среда, 22 јануари 2025

Косово пред избори: амбициозни економски ветувања што се тешко остварливи

Во предизборната кампања пред парламентарните избори на Косово главните политички партии ги претставија своите економски програми со цел да се позанимаваат со актуелните предизвици и да промовираат економски развој на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓутоа, економските аналитичари ја доведоа во прашање изводливоста на овие програми, сметајќи дека некои од нив се засновани на премногу оптимистични претпоставки, а не на актуелните економски капацитети на Косово.

На пример, предлозите за значително зголемување на јавните инвестиции и намалувањето на даноците се критикувани поради недостигот од детално планирање.

Исто така се оценува дека некои елементи од програмите се изводливи ако се поддржани од доволни ресурси и структурни реформи, меѓутоа, оценуваат дека некои од нив се повеќе изборни ветувања отколку практично изводливи планови.

Гласачите, според нив, би требало да бидат внимателни во оценувањето на тие ветувања и да бараат транспарентност на нивното спроведување по изборите.

Движењето Самоопределување (ПС), како владејачка партија, предложи издвојување една милијарда евра за поддршка на локалните производни претпријатија. Тој план има за цел јакнење на производниот сектор и промовирање одржлив економски развој.

Демократската партија на Косово (ДПК) претстави амбициозна економска програма која вклучува фискални реформи и поттикнувања за претпријатијата и инвестициите.

Нивниот план предвидува намалување на даноците, зголемување на платите до 50 отсто во јавниот сектор и проширување на социјалните и пензиските шеми. Меѓутоа, главниот предизвик останува идентификување на изворите на финансирање за тие мерки, бидејќи намалувањето на даноците може да влијае на буџетските приходи, додека зголеменото трошење бара дополнителни средства.

Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) преку програмата „Нов пат“ се фокусира на јавните инвестиции, особено на инфраструктурата, со планирани проекти вредни околу 1.5 милијарди евра за градот Приштина, или вкупно околу 5 милијарди евра за четирите години мандат.

Исто така, ДСК планира да ги зголеми платите во јавниот сектор, со поумерен и одржлив пристап во споредба со другите партии.

Коалицијата на чело со Алијансата за иднина на Косово во својата програма главно се фокусира на односите и желбите на Косово за членство во НАТО и ЕУ.

Во економска смисла, целат на просечна плата не помала од 1.000 евра.

Коалицијата Семејна листа, која е формирана како одговор на напорите на владата да ги зголеми правата на ЛГБТ заедницата на Косово, особено во врска со Граѓанскиот законик кој би ги легализирал истополовите врски сè уште не објавила економска програма.

Одделни аналитичари ја доведоа во прашање изводливоста на тие економски програми, сметајќи ги за нереални и невозможни за примена во пракса.

Општата оценка за изводливоста на економските програми на политичките партии за изборите во 2025 е дека елементи на економските програми кои ги претставуваат политичките партии изгледаат амбициозно, додека други може да бидат попрагматични, во зависност од расположливите ресурси и способноста на владата да ги спроведе.

Експертите сметаат дека економски раст од 5 отсто или повеќе е амбициозна цел, особено ако не ја следат структурни реформи за подобрување на бизнис климата и привлекување странски инвестиции. Доколку економската политика не создаде поволни услови за претпријатијата и приватниот сектор, тие предвидувања може да се нереални.

Експертите сметаат дека големите економски промени бараат време и политичка стабилност. Ако владата се соочи со политички предизвици или недостиг од консензус, имплементацијата на програмата може да забави или пропадне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ