петок, 18 октомври 2024

Короната не заминала – 25 потврдени случаи на ковид-19 во јуни

Институтот за јавно здравје во месечниот билтен наведува дека во месец јуни лабораториски се потврдени 25 случаи на ковид-19, двојно повеќе во споредба со месец мај.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Македонија во текот на месец  јуни, д тестирани 415 лица, пријавени се вкупно 25 случаи на ковид-19 (I=1,4/100.000). Во однос на претходниот месец мај 2024 (n=12), се регистрира двојно зголемување на бројот на пријавени од ковид-19, a во однос на месец јуни 2023 (n=29) се регистрира намалување на заболените за 17,2%. Од заболените во јуни 2024, најголем број -14) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (7,3/100.000) се регистрира во Охрид“, велат од Институтот и додаваат дека во текот на минатиот месец не се пријавени починати од оваа болест.

Во однос на возраста, регистрирани се осум заболени лица над 60 години, пет од 20-29 години, по три заболени од 0-9 години, 30-39 и 40-49 години, две лица на возраст од 50 години и едно на возраст меѓу 10 и 19 години.

Од почетокот на пандемијата, заклучно со 30 јуни годинава, пријавени се вкупно 350.625 потврдени случаи на ковид-19 (I=19.089,8/100.000) и 9.984 смртни случаи (Mt= 543,6/100.000; CFR=2,8%), информираат од Институтот за јавно здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ