сабота, 23 ноември 2024

Корепер: Албанија ги отвора кластерите во преговорите со ЕУ на 15 октомври

Унгарското претседателство со Европската Унија соопшти дека Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

Усвојувањето на тој заеднички став на Корепер овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург. Со тоа и официјално се разделува „пакетот“ Македонија – Албанија, создаден од ЕУ во 2019 година, за заедничко пристапување на двете земји во процесот на преговори со ЕУ. На 19 јули 2022 година, Македонија и Албанија ги одржаа првите меѓувладини конференции со ЕУ во Брисел, со тоа што на Македонија како услов за одржување на втората меѓувладина конференција ѝ е наметнат услов за спроведување уставни измени, т.е. внесување на Бугарите како малцинство во македонскиот устав.

„ Албанија ќе биде првата меѓу земјите-кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан“, се наведува во соопштението.

Првиот сет на поглавја, кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.

„Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.

Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ