петок, 18 октомври 2024

Коп: Холандија во мирување стави голем проект со Судскиот совет, постои корупција, непотизам, клиентелизам…

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е дел од поглавјето „основи“ кое прво се отвора, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но, она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој, а сега го имаме и случајот со Судскиот совет кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна, изјави Коп.

Според Коп, носењето на закон со кој гарантираше процесуирање на случаите на СЈО во февруари 2020 година во Парламентот, било клучно за Холандија да се согласи за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Во минатите две години мислевме дека видовме напредок, подобар менталитет, независно поставување на судии во судот, но исто така сега повторно гледаме дека работите се влошуваат. Гледаме знаци на политичко влијание кај изборот на Обвинителството за организиран криминал, гледаме знаци на политичко влијание во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители, гледаме знаци на политичко влијание практично во сите судови, и да, тоа е многу загрижувачко, се натрупува едно по друго и дозволете да ве потсетам дека во февруари 2020 година, кога Парламентот донесе закон со кој гарантираше процесуирање на случаите на СЈО, случаите со масовното прислушување и тоа беше единствениот настан што направи мојата земја да се согласи за членство на Северна Македонија во ЕУ, а потоа и Советот на ЕУ се согласи со тоа во март 2020 година. Тоа е централно прашање и го следиме внимателно“, вели Клоп.  

На седница на Судскиот совет на 26 април годинава претседателката Весна Дамева беше разрешена од функцијата, така што нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање за нејзно разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

Судскиот совет на 4 мај на итна седница со осум гласа „за“ и четири „против“ го избра судијата Сашко Георгиев за нов претседател, откако истиот ден одржал две нејавни седници, на кои, како што информираше преку соопштение објавено по изборот на Георгиев за нов претседател, најпрво била донесена одлука со која се става вон сила решението за разрешување од функцијата претседател на Судски совет на Весна Дамева од 26 април годинава, а потоа со девет гласа „за“ била донесена одлука за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет. 

Холандскиот амбасадор вели дека не се гледа владин напредок во борбата против корупцијата, напротив смета дека работите се влошуваат.

„Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од Државната комисија за спречување корупција и Народниот правобранител не се почитуваат од никој, ниту од Владата ниту од парламентот, ниту од Обвинителството. Всушност, годинешниот извештај од Антикорупциската комисија покажува дека 10 проценти од претставките се процесирани, тоа е многу помалку и во однос на 20-те проценти во извештајот од 2021 година, кој патем се уште не е разгледан од Парламентот во последните 2 години, нешто што требаше да се направи. Затоа нема причина за оптимизам. Како што кажав и порано, корупцијата е состојба на умот. Ја има насекаде. Таа е дел од менталитетот и треба да се смени сега, зошто ако сакате да сте во Унијата во процесот на преговори, оваа состојба со менталитетот и политичката волја заедно со неказнивоста која оди со тоа и која е најпрезирана од граѓаните, мора да се смени веднаш. Во спротивно желбата да бидете дел од ЕУ во 2023 година, ќе биде илузија“, вели холандскиот амбасадор Коп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ